Левица ги поднесе листите со пратеници до ДИК
Левица ги поднесе листите за пратеници во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори.
-Како најбрзорастечка партија во Република Македонија, и најбрзорастечко левичарско движење на континентот, Левица ќе настапи самостојно и ќе цели на двоцифрен број пратеници во Собранието на РМ – фактор кој нема да можат да го забиколат буржујските партии, порачуваат од Левица.
На овие избори, да ја вратиме државата на народот, додаваат од партијата.