АктуелноЛокалноНастани

Симонов: Левица ќе го изедначи образованието со пазарот на трудот

  • Александар Симонов – член на Президиумот на Левица во „Зум анализа “:

Секој млад човек првото прашање кое што си го поставува пред себе, што денот после образованието? Што после добивањето на дипломата и каде јас да се вработам? Како да конкурирам на пазарот на трудот?

Евидентно е дека образованието и бизнис заедницата, односно економскиот сектор немаат доволно добра соработка и дека многу често нашите образовни институции профилираат кадри кои не се потребни на пазарот на трудот, а после тоа, луѓето кои завршуваат во други насоки се принудени или да се преквалификуваат, чувствуваат степен на разочараност заради тоа што не може да го реализираат своето место.

Значи, тоа ќе биде еден од основните постулати кои мора да се изедначат, односно потребите на пазарот за трудот со потребите со процесот на образование кои ќе ги вади тие кадри.