АктуелноЛокалноНастани

Мојсоска: Почна сезоната на сончогледите

  • Фејсбук статус на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица

Почна сезоната на сончогледите, па довчерашните заевисти преку ноќ се разбудија како мицковисти. Одамна тврдам дека ваквите политички проститутки (кои се со секоја власт) се најголем канцер на македонското општество.

Па така, Павле Трајанов има вкупен стаж во политиката колку што јас имам години (а никогаш за ништо не одговарал). Па сега вмровсково членство ќе добие инстантна амнезија како Ангелов агитираше за Северна со Заев или како “братот” Љубе примаше поткуп од Грците за промена на името.

Да ги земеш во коалиција оние што до вчера си ги нарекувал за северџани, очигледно сакаш да пратиш една порака – дека Северна е устоличена.

ПС. Ме интересира сега Курир дали ќе ги бриши вестите со поткупот на Љубе Бошкоски?!