АктуелноЛокалноНастани

Ова е битка на Албанците против продолжената рака на Русија, вели Мендух Тачи

Ви гарантирам дека Талат Џафери ќе биде премиер на државата уште две години, истакна лидерот на ДПА, Мендух Тачи по денешното потпишување на договорот со Европскиот фронт во Домот на културата во Тетово.

– Ова не е битка меѓу нас и нив, туку е битка меѓу Албанците и продолжената рака на Русија. По 24 април ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени пристапот, но ќе биде доцна – изјави лидерот на Демократската партија на Албанците.

Лидерите на ДУИ Али Ахмети, на партијата на народот Скендер Реџепи – Зејд, на Европската демократска партија Аријанит Хоџа и на ДПА Мендух Тачи денеска го потпишаа договорот за создавање на Европскиот фронт, што претставува идеја и иницијатива на Ахмети и ДУИ.