АктуелноЛокалноОгледало

На денешен ден во 1860 година Прличев добива „Ловоров венец“ за „Сердарот“

На 25 март 1860 година, Григор Прличев добива ,,Ловоров венец” за поемата ,,Сердарот”.

Во 1859 год. Прличев ја пишува поемата „Сердарот“, предавајќи ја на конкурсната комисија во февруари 1860 год.

Според ,,Автобиографијата” на Прличев, на 25 март 1860 година во Атина се случил највозвишениот миг во творечкиот живот на Прличев. Пред многубројната публика, грчкиот критичар Александар Ризос Рангавис објавил дека на анонимниот конкурс венецот се доделува за поемата ,,Сердарот” (грчки: Ο Αρμάτωλος). За тој момент Прличев тврди:

,,…Почувствував едно неописиво волнение какво никогаш не усетувал… Прекумерната радост е поубиствена од жалта”.

Гимназијархот П. Псарас ги искажал следните зборови: ,,Општа радост е во Атина што ни се јавил Втор Хомер”.

Главниот критичар, Александар Ризос Рангавис, пак, истакнал дека ,,О Арматолос” е: творба на чудотворно длето… секој стих светка како чист бисер”.

Прличев е ,,писател, кому Македонија му е и љубов и судба, и болка и очај, и неопходност и тага, и лулка и гроб”.

***

,,Пискотници се слушаат од Галичник во Река.

Што тешка несреќа ги збра,

и мажите и жените та гласи тажна ека

и навева сал коб и зла?

(…) Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,

тој сердар прочут падна в бој,

и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,

а да ги брани нема кој.

(…) Албанците, гологлави, пристапија со почит,

со раце скрстени. Тој час

најстариот се доближи и вземи удри очи

па прошепна со искрен глас:

,И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!

Ти изгуби, о мајко, џин!

Народите ќе пеат колена со уста милна

за делата на твојот син’.”