АктуелноЛокалноНастани

Ванковска: За Македонија е веќе познато дека тајно обучувала украински војници

Две години по отпочнувањето на војната во Украина не само што не донесоа обиди за прекин на воените дејствија, туку сè укажува на опасна воена ескалација. На почетокот се зборуваше (па дури и официјално се праќаше повик) за „доброволци“ од западните земји, потоа се премина кон испраќање директна воена помош и инструктори, но се’ почесто се зборува за припадници на западните војски кои ги загубиле животите покрај украинските, вели Билјана Ванковска.

-Последното „истрчување“ на францускиот претседател Макрон со повик за активно воено ангажирање на западните сојузници на територијата на Украина не е само еден негоц екцес (иако дел од НАТО сојузниците се дистанцираа од таквата реторика). Дека политичкото и военото водство на Франција реално размислува за вакви воени планови е веќе јавно позната работа, која може да се види преку изјавите на началникот на генералштабот на француската војска и некои други високи воени претставници, кои тврдат дека се подготвени, а потсетуваат и дека се нуклеарна сила. Слични пораки доаѓаат и од САД и од Полска, чии министри за одбрана веќе договорија испраќање на заеднички сили за бро распоредување на источната граница на ЕУ. Оттука, загриженоста за сревсткиот мир е многу основана, бидејќи ништо не зборува за деескалација и трагање по барем примирје, ако не и мир.

Ванковска предупредува дека Македонија веќе е инволвирана во конфликтот во Украина, иако оваа земја не е членка на НАТО.

-За Македонија е веќе познато дека тајно обучувала украински војници и дека, според зборовите на министерската за одбрана Петровска, ние сме меѓу првите пет држави членки на НАТО кои дале најголема помош на украинската војска (се разбира, станува збор за релативен сооднос согласно можностите и големината на земјата). Важно е да се кажат две работи: прво, Украина не е членка на НАТО и на неа не се применува членот 5 (за колективна самоодбрана), а второ – дури и да станува збор за таква ситуација, секоја држава сама одлучува дали и како ќе пристапи во колективниот зафат. Но, искуството (уште од Авганистан и Ирак од пред 20 години) покажува дека кај македонските власти постои неверојатна желба да се истрчуваат (народски кажано) како „прле пред магаре“, па секогаш сме биле меѓу првите и најлојалните кога ни се барало нешто. Дури тоа Брисел и да не го побара експлицитно, убедена сум дека македонските власти сами ќе понудат војници. Ова засега нема да го соопштат јавно, се разбира, бидејќи и тренирањето на украински војници се чуваше како воена тајна. Што се однесува до последиците, со самиот чин на поддржување на сите акции на Брисел кон Украина и воведување санкции кон Русија, ние скале или не сме на истиот брод со Алијансата. Ако дојде до ескапалција, ќе ја делиме судбината не само на Западот, туку и на светот – бидејќи нуклеарниот судир нема да поштеди никого. Велам нуклеарен, иако мнозина не сакаат ни да го спомнат тој збор, бидејќи отвореното стапнување на НАТО чизма на територијата на Украина веќе значи дека сме во војна со нуклеарна сила како Русија. Последиците по нас се веќе видливи на економски, стопански и социјален план, но воената опција би била погубна, вели кандидатката за претседател на Република Македонија.