Снег ни за лек, но зимската служба работи со полна пареа
Народот вели на првиот снег најмногу се радуваат децата, но очигледно во општина Бутел на првиот снег најмногу се радува градоначалникот Костовски и фирмата која преку постапка за јавна набавка има склучено договор за зимско одржување на локалните улици и патишта на територија на општина Бутел, велат од Левица.
Фирмата Анизор Дооел Скопје има склучено договор за зимско одржување на локалните улици и патишта на територија на општина Бутел за зимската сезона 2022/2023 г арх бр 09-1829/10 од 13.12.2022 година со вредност на договорот од 4 720 000 денари (76 748 евра). Во зимската сезона 2022/2023 г на територија на општина Бутел мали снежни наноси имало еднаш а снежна покривка не поголема од 3 см не се задржала повеќе од 4 дена. И покрај ова согласно годишниот извештај на општина Бутел посочената фирма на локалните улици во Бутел истурила неверојатни 94 тони индустриска сол како абразивно средство за што се потрошени 1 642 676 денари (26 700 евра).
Го прашуваме градоначалникот Костовски како е можно општина Бутел за 4 дена при многу благи снежни наноси може да потроши повеќе од 1/3 од предвидениот буџет за одржување на локалните улици во зимски услови и воено ги потсетува жителите на општина Бутел дека општината има формирано ЈКП Бутел.
Општина Бутел со истата фирма има склучено договор за зимско одржување на локалните улици и патишта во општината за сезоната 2023/2024 г, а фирмата Анизор Дооел Скопје е омилена фирма и на градоначалниците на општина Ѓорче Петров (65 041 евра), Кисела Вода (48 780 евра), Карпош (97 561 евра) и Центар (116 098 евра).
Бутелчани се домаќини луѓе и многу добро знаат да направат разлика помеѓу домаќинско и НЕДОМАЌИНСКО работење. Левица во континуитет ќе ја следи општинската администрација и ќе ги информира жителите на Бутел за сите можни злоупотреби на нивните пари.