АктуелноЛокално

Изложба на фотографии “Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење”

Денес (20 март 2024 година), во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Во пресрет на рускиот цар , Романови- царско служење”.

Изложбата е по повод 105 години од нивната смрт. Фотографиите се од личниот царски албум и поголемиот дел од нив до сега не биле објавувани и видени.

Изложбата е во соработка на Здружение Друштво на писатели Куманово и Сретенскиот манастир од Москва.

Во рамките на настанот предвидена е и мала културно-уметничка програма