АктуелноЛокалноНастани

Мојсоска: Катица Јанева беше американски проект, а сега се наоѓа на „црната листа“ на САД

Американците го ставиле нивниот проект Катица Јанева на црна листа. Проект кој беше директно инсталиран од тогашниот амбасадор Џес Бејли, вели Јована Мојсоска од Левица.

-Низ архивите ми излезе оваа навидум обична средба на Бејли со двајцата пратеници на ДПМНЕ од Охрид. Средба токму со истите пратеници – Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, кои беа беа дел од предавничката “осумка” за промена на уставното име.

Генералниот секретар на Левица потсетува на максимата којашто често ја повторувал Хенри Кисинџер, поранешниот прв човек на американската дипломатија.

-Интересно потсетување додека сме секојдневно бомбардирани со “страшното” руско влијание. Очигледно, Американците си пуштија низ вода уште еден свој проект, откако му заврши употребната вредност. По не знам кој пат се докажа познатата изјава: – Да бидеш непријател на САД е опасно, но да бидеш пријател е фатално.