Законскиот рок е 18 март, а на веб-страницата на ДИК пишува дека пријавувањето е завршено на 11 март 2020
Рокот за пријавување за гласачи е на 18 март според потпишаниот јавен повик од страна на претседателот на Државна изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, но, на веб-страницата на ДИК е оневозможен пристапот од странство.
– Кога пробуваш да се пријавиш не дозволува да се пријавиш, што е противзаконски и против Изборниот законик и правила На веб-страницата на ДИК пишува дека регистрацијата за изборите е завршена на 11 март 2020 година, се вели во реакцијата на Обединетата македонска дијаспора.
„Под итно ДИК да го реши овој проблем, да ја продолжи регистрацијата за дијаспората и да го продолжи датумот за регистрација, оти според информациите што ги добиваме од Македонци кој пробале да се регистрираат, веќе неколку часа не функционираа веб-страницата за пријави“, соопшти ОМД.