На Боингот му паднале делови од трупот, додека во авионот се превезувале 145 патници
Авионот „Boeing 737-800“, кој пристигнал во јужен Орегон откако полетал од Сан Франциско, останал без дел од трупот, соопштила надлежната инспекција додавајќи дека никој од патниците не бил загрозен во овој инцидент.
Летот на „United Airlines 433“ од Сан Франциско во 10:20 слетал на меѓународниот аеродром Рог Вели во Медфорд кратко пред пладне во петок.
Директорката на аеродромот Амбер Џад рекла дека авионот слетал без проблеми и дека било утврдено дека дел од трупот отпаднал, а дека никој не е повреден, пренесува „AP“. Аеродромот потоа го сопрел летовите за да ја провери пистата и евентуално да пронајде делови од трупот, додала Џад, но ниеден дел не бил пронајден.