АктуелноЛокалноНастани

Апасиев: Социјализмот градеше концепт на колективно добро, на солидарост наместо натпревар

Капитализмот донесе вредности, коишто се претежно поврзани со профит, со тоа да си „ин“, да си успешен, да имаш пари. Додека социјализмот градеше сосема друг концепт на колективно добро, на јавен интерес, на солидарност наместо натпревар, на прогресивни идеји ако сакате, вели Димитар Апасиев.

Лидерот на Левица се осврна на еден пример од минатото, со којшто се објаснува и денешната состојба во релацијата меѓу европските земји и претставниците на Македонија.

– После војната доаѓаат француски феминистки во Југославија и им викаат, тоа некаде во 70-тите години во Хрватска се случува, и им викаат вие треба да се изборите да имате право на абортус, и овие им викаат па ние имаме право на абортус. Овие им велат ама вие треба да се изборите за осумчасовно работно време и овие им одговараат дека имаат осумчасовно работно време. Значи исто како и сега со ЕУ бирокративе кои доаѓаат и мислат дека ние сме џунгла – вели Апасиев.