Цариградската патријаршија го условува томосот со името на МПЦ-ОА
Ние се поведовме од постапките на други помесни цркви дека треба да го користиме дипломатското искуство на постарите цркви и затоа, како што е наведено и во томосот што го добивме од СПЦ, името на нашата црква во комуникацијата со елинските цркви нема да може да биде МПЦ и за таа цел ние формиравме Комисија за разгледување на ова прашање. Јас очекувам дека и Вселенската патријаршија ќе добиеме томос, но ако во тој томос има условувања тоа за мене нема да биде прифатливо, вели владиката Петар, митрополит Преспанско-пелагониски, на ТВ 24.
– Агендата на оваа Комисија е прво да го проучи случајот со Украинската православна црква која доби томос од Вселенската патријаршија, иако е непризната од Руската православна црква, – вели владиката Петар и додава дека МПЦ е под притисок да го признае постоењето на Украинската православна црква.
Владиката Петар вели дека настојувањата за признавање доаѓаат од Вселенската патријаршија иако МПЦ при првото сослужување со патријархот Вартоломеј било побарано да нема претставници од таа црква што било и испочитувано. За владиката Петар е беспредметно условувањето на томосот за МПЦ со признавање на Украинската православна црква. Тој вели дека условувањата дошле подоцна, по заедничкото сослужување.