Апасиев: Целта е да го замениме СДС, а потоа идеолошки да се пресметаме со ДПМНЕ

Левица е направена за да дојде на власт, но не по секоја цена, вели лидерот на партијата Димитар Апасиев.

– Двата мои архи-непријатели, Заев и Груевски се во политичка пензија, а таму оди и Ковачевски. Нема по секоја цена да се извалкаме со неколку министерски места или вработувања. Ние ќе преговараме за политички прашања – додека целта ни е да го замениме СДС во левиот спектар, за на следните избори да се пресметаме идеолошки и со ДПМНЕ, вели Апасиев.

Целото интервју на Сител подкаст погледнете го во видеото: