АктуелноЛокалноНастани

Хигиеничарка од Битола ги спроведувала интервјуата за бугарско државјанство

Хигиеничарката во бугарскиот конзулат во Битола, Весна Котевска, спроведувала интервјуа со кандидати за бугарско државјанство, откри бугарскиот пратеник Ангел Георгиев. Тој за случајот постави пратеничко прашање во бугарскиот парламент за министерката за надворешни работи Марија Габриел.

Министерката, која истовремено е и вицепремиерка, му одговори дека имало системски пропусти во бугарскиот конзулат во Битола, и дека чистачката веќе нема пристап до архивата и конзулската служба. Но, таа негираше дека чистачката вршела интервјуа за бугарско државјанство.

„Ваквите пропусти се недозволиви“, кажа Габриел.

Таа додаде дека 2.719 досиеја се вратени на докомплетирање во конзулатот во Битола поради сериозни нарушување во процесот за добивање бугарско државјанство.