Истиот Хан што на Заев му предложи „балкански методи“, сега се договара со Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се пофали дека остварил средба со Јоханес Хан, еврокомесарот за буџет и администрација при ЕК, со кого заеднички констатирале дека е време за промени.
На оваа средба реагираше Билјана Ванковска, која се присети дека на времето Хан често се среќаваше со Зоран Заев.
-Чекај, чекај! Ова е оној истиот Јоханес Хан кој на Заев му препорача употреба на “балкански методи” за промена на името и уставот? И оп! Осум пратеници од ДПМНЕ си послушаа! За какви ли промени зборувале денес, вели Ванковска.