АктуелноЛокалноСтав

Мразам што те сакам

  • Фејсбук статус на Филип Филков

Втори март, петнаесет часот, прва сабота во месецот – работна за полицијата.

За документите со НОВОТО ИМЕ се сликав кон крајот на декември. Бидејќи работните обврски не ми дозволуваат на делник ден со саати да чекам во толпата за да си ги подигнам, а знаејќи кој хаос е секојдневно веќе со недели, си реков: во сабота ” на тенане ” ќе си завршам работа…

На влезот во установата во прилично опуштена атмосфера едвај чекајќи да ѝ заврши работното време, ме пречека една млада припадничка на јавниот ред и мир:

Повелете господине, за шо сте ?

– Добар ден, дојдов документите да си ги земам.

Почекајте тука, соба два најверојатно.

– Во ред, благодарам.

Пред мене имаше петмина коишто исто така чекаа, па си седнав и си велам во себе:

Па добро бе п*зда му матер, која друга држава им го прави ова на своите граѓани !? Кој нормален човек – избраник на народот, еј !?

Понижени до немај-каде и стари и млади и болни и здрави, не по своја вина и во ек на грипови и кашлици со месеци се гужваат по ходниците сѐ до улиците – ЗА ШТО !?

Заради тоа што требало да исполнат дел од договорот !? А оние од другата страна, исполнија нешто !?

Настрана фактот што вакво угнетување со сигурност не ѝ се случило на ниту една друга земја и веројатно ќе остане единствен пример во историјата, кога веќе се случи – требаше по дома да ни доаѓаат и да нѐ сликаат, документите по пошта да ни ги праќаат и за сето тоа ниту денар да не платиме , затоа што ние нашите ставови и мислења фино-лепо си ги искажавме на референдум и сѐ друго е излишно и рамно на силување..

А плативме и тоа по повисока цена, за нешто што не е ниту наше, туку е во нивна сопственост !

… Во меѓувреме на редот поминаа двајца, а пак влегоа двајца нови, најверојатно беа сопружници.

Припадничката на јавниот ред и мир:

Здраво, за шо сте?

– Ами дојдиме еве да се сликаме за документи.

Се извинувам, ама уште луѓето шо се тука да завршат и толку е за денеска, од понеделник дојдите.

– Ама нее, ни сме од списокот на ” таа и таа “.

Аа, од списокот ли сте, не знаев, влезите тогаш.

И оп-троп, си влегоа во една од канцелариите.

Јас, на глас:

Што, какви се тие списоци и такво нешто ли има? Кај може да се пријавам за таков список, да не дремам тука саат време? Како јас никогаш да допрам до таков список даа !? (не е пцоста, ” узречица е “)

Одговор, секако не добив. Барем да ме укореше дека во ваква установа не смеам да се однесувам така.

Не бре брате, си седна на фотелјата во ќошот и си разговараше телефонски со некого како едвај чека да си оде дома. На кав’даречки викаме – муа не а лазе!

Па добро бре, мајка му стара, покажи став, изнервирај се малку, вака ли ќе нѐ браните ако се спука утре, не дај Боже !? Или ќе чекате да завршат пукотниците, па да може на раат дома да си одите ?

Револтот почна да ми преминува во одбивност и гадење, се мразев што морам од оваа причина да чекам документи коишто требаше да ги земам после осум години во редовна постапка.

Низ глава ми поминуваа мислите: А бе, у Германија да бевме досега и снајдени ќе си бевме, колку-толку јазик знаеме, ни први ни последни шо сме заминале оттука.

Не дека и тука не работиме за другите да имаат повеќе, туку – каменот на местото си тежи.

Не сакам син ми во дресот на Ајнтрахт Франкфурт утакмици на Комерцбанк Арената да гледа, туку од мал го учам за Тиквеш да навива (добро де и за Јувентус по малку).

Он пак нека си уче германски – не е грешка, ама химната на Македонија да ја пее и стиховите да ги разбира што значат. А не кога ќе си дојде у август за Илинденот да не може со баба му и дедо му да се разбере, или другарите од маалото да треба да го научат да пцуе на кав’даречки.

Претпоставувам дека така се ствараат вредностите, оние вистинските…

Двајца од преостанатите тројца почнаа да си разговараат меѓусебе како ” не а бива ваа вака, глеај шо ни праат “, а третиот забележа дека манифестирам незадоволство, па иако не се познаваме, ми пријде:

Не се нервирај бацко, еве уште малку па ни сме.

– Не бе другар, му реков. Уште многу има пред нас, крај нема да има вака ако продолжиме. Денеска чекаме документи, ама како што се тргнати каил се да нѐ доведат до такво дереџе утре леб да треба во редици да чекаме..

Туку, идат избори за брзо и паметот у глава. Кога веќе не покажуваме пркос на друг начин, барем може на овој да пробаме да смениме нешто.

Дојдов и јас на ред…

Ех, моја Македонијо, понекогаш (се) мразам што толку те сакам..