Бугарија ќе добие нов премиер, но политиката кон Македонија останува иста
Марија Габриел ќе биде промовирана во нова премиерка на Бугарија, согласно коалицискиот договор во владејачкото мнозинство на актуелната влада на нашиот источен сосед. Што се однесува до односите со Македонија, не треба да се очекува ништо ново.
Нејзиниот став за Македонија таа го искажа уште лани во бугарскиот парламент.
– Сакаме многу јасно да покажеме пред РСМ дека само кога тие ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон – изјави Габриел додавајќи дека „во меѓувреме ние јасно ќе опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет“.
Во тоа време Габриел беше вицепремиерка и шефица на дипломатијата.