Бехтел и Енка е класичен третман на колонија
За Бехтел и Енка пишував во континуитет, ама попусто, пишува Билја Ванковска.
-Предупредив дека е ова класичен третман на колонија. Сите африкански држави и државници имаат повеќе кичма и свест за национални интереси од нашиве компрадори и кафеави сахиби. И уште ви се нудат да ве спасуваат!
Кандидатката на Левица за претседател на Македонија порачува дека мораме да се ослободиме од империјалистичкиот јарем.
-Нам ни треба спас од овие кои и родена мајка ќе продадат за моќ или профит. Почетокот на борбата е од дома, од својот двор, а дури потоа ќе се оснажиме да се ослободиме од империјалистичкиот јарем!