Со однапред познат, еден кандидат, од ДПМНЕ велат имале најтранспарентна конвенција?!

Најтранспарентната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, велат од говорница, коментира Билјана Ванковска, алудирајќи на начинот на кој од најголемата опозициска партија го одредуваат кандидатот за претседател на државата.

– Потранспарентно – здравје! Со однапред познат и еден кандидат, прошетан и дочекан со огномети, на кој веќе му/ѝ усвоиле листа на принципи, и конвенција про форма на која делегатите можат само да се сликаат, вели Ванковска.

Гордана Силјановска – Давкова засега е единствениот кандидат за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, што наиде на поголем број на критики од јавноста за ускратената можност на останатите кандидати да влезат во внатрепартиската трка за номинацијата.