АктуелноЛокалноНастани

Денеска ќе славиме, но нема да заборавиме на Палестина

Денов е за славење ама не и за заборавање дека во Палестина се одвива геноцид, вели кандидатката на Левица, Билјана Ванковска.

-Слушнав дека некои зборувале дека сум зборувала пречесто за Палестина (небаре сум се кандидирала таму). Мојот одговор е: нека се запрашаат зошто другите кандидати молчат за Палестина од октомври до денес, а само папагалски повторуваат “реформи, ЕУ”. Се прашувам во кој паралелен универзум живеат!? Толку ли се обземени со себе и со изборната победа – порача Ванковска.

Вечерва се очекува од нејзиниот изборен штаб да биде објавено дека се собрани неопходните 10.000 потписи за нејзината кандидатура, но, сепак, таа вели дека да зборува против војните во прилог на жртвите.

-Јас нема да ги заборавам оние деца дури сум жива и секогаш ќе зборувам против војните и геноцидот – додае таа.