АктуелноЛокално

Уникатната изложба „Нингјо – Уметноста и убавината на јапонските кукли” во Археолошкиот музеј

Вечерва 01.03.2024 година (петок) со почеток од во 19 часот, во Археолошкиот музеј на Република Македонија ќе се отвори изложбата насловена „Нингјо – Уметноста и убавината на јапонските кукли”.

Изложбата „Нингјо“ ќе претстави сеопфатен вовед за јапонските кукли, од Каташиро и Амагацу, кои се сметаат за архетипови на јапонски кукли, до локални кукли кои ја рефлектираат климата и анегдотите од целата земја, како и кукли играчки од денешницата кои се ценети низ целиот свет.

Нингјо значи „кукла“ или „човечки облик“ на јапонски јазик и културата за кукли, која се негува низ годините во Јапонија, во Археолошкиот музеј ќе биде претставена со внимателно избрани 67 кукли поделени во четири категории: „Нингјо за молитва на детскиот развој“, „Нингјо уметност“, „Нингјо фолклор“ и „Ширењето на нингјо културата“.

Куклите се незаменлив дел од човековото секојдневие, но може да се каже дека разновидноста и деликатната ракотворба во комбинација со длабока љубов се карактеристични за куклите во јапонската култура.

Амбасадата на Јапонија и Археолошкиот музеј ќе ја прослават 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Јапонија и Македонија со уникатната изложба со наслов „Нингјо“, која ќе биде отворена на први март и ќе трае до 26 април оваа година.