АктуелноЛокалноНастани

Црвениот бран ѝ се случи на Македонија

Овие луѓе се најдоброто нешто што може да ѝ се случи на Македонија која не се задоволува со реформи туку тргнува во радикални промени! Црвениот бран, објави на социјалните мрежи Билјана Ванковска.

Кандидатката за претседател на Македонија, поддржана од Левица, претходно објави дека до неопходните 10.000 потписи ѝ недостасуваат 20 до 30 гласа, за кои верува дека без проблем ќе бидат обезбедени во текот на утрешниот ден.

Затоа Ванковска им заблагодарува на волонтерите кои неуморно работат на нејзината кампања.

Лично, немам доволно зборови да им заблагодарам за неверојатниот ентузијазам, позитивна енергија, полетност, пожртвуваност за заедничката кауза.