АктуелноЛокалноНастани

Уште 1.000 потписи ѝ недостасуваат на Ванковска

Проф. Билјана Ванковска преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека ѝ недостасуваат уште 1.000 потписи за да ги достигне 10.000 законски пропишани, по што нејзината кандидатура за претседател на Македонија ќе стане официјална.

-Уште 1.000. Утре ќе биде убав ден во престапна година! Ако не сакате турканици викендов, појдете утре или задутре – порача Ванковска.

Рокот за собирање на потписи за претседателские избори навршува на 8 март.