СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против продолжување на рокот на старите пасоши

Парламентот денеска не го усвои Предлогот за измени на Законот за патните исправи, кој, предвидуваше важноста на старите пасоши да биде продолжена до крајот на годинава, односно до 31 декември, и со тоа да се остави простор на институциите за техничко спроведување на замената на пасошите со новиот назив на државата како обврска преземена со Преспанскиот договор.

Против предложените измени гласаа 54 пратеници, односно пратениците на владејачките партии СДСМ, ДУИ и НСДП, додека за продолжувањето на рокот беа 46 пратеници.

Дел од функционерите на власта кои претходно, деновиве  ги искажаа своите несогласувања за измените кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, во неколку наврати истакнаа дека член 118 од нашиот Устав вели дека меѓународните договори кои се ратификувани во парламентот се дел од нашиот внатрешен правен поредок и не можат да се сменат со закон.