Вмровецот Пецаков против Пецаков од Лига за демократија
Во 2005 година на листата на Лига за демократија во предвечерјето на тогашните локални избори се нашол и Стефан Пецаков, татко на актуелниот градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Оваа информација, како и копија од предизборниот постер на партијата која одамна не постои, ја добивме од анонимен читател, кој бил испровоциран од наводите дека актуелниот градоначалник на Охрид потекнува од семејство на искрени и доследни поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, носител на листата на Лига за демократија за Охрид во 2005 година е извесен Иван Огненов.