АктуелноЛокалноНастани

Црвена младина: Охриѓани се потпишуваат за кандидатурата на Ванковска

Викендов непречено продолжуваме со собирање на 10.000 потписи за поддршка на проф. д-р. Билјана Ванковска – кандидатка од Левица за Претседателка на Република Македонија на престојните претседателски избори, јавуваат од охридската организација на Црвена младина.

– Собирањето на потписи ќе трае до осми март (Секој ден, од понеделник до недела). Работно време – од 08:00 до 20:00ч. Локација – Просториите на ДИК во Охрид. Низ главната влезна врата во новиот дел на Општина Охрид, после неа има уште една врата (чуварска), а потоа десно во ходникот. Во охридската подрачна единица на ДИК, својот потпис ќе можат да го дадат граѓаните од Општина Охрид и Општина Дебарца, порачаа од Црвена младина.

Рокот за собирање на потписи изнесува 15 дена и истекува на 8 март.