47години без академик Димитар Митрев
На денешен ден, 24 февруари 1976 е починат Димитар Митрев – македонски книжевен критичар и есеист, академик, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
Уште во 1938 година, кога бил формиран Македонскиот литературен кружок во Софија, тој членувал во него заедно со Никола Вапцаров, Коле Неделковски, Ѓорѓи Абаџиев, Антон Попов и со други прогресивни македонски писатели, кои работеле за афирмирањето на македонската национална култура.
Автор е на следниве публикации:
• „Антологија на македонската лирика“ (1951, со Блаже Конески);
• „Вапцаров“ (1954);
• „Критериум и догма“ (1956);
• „Минато и литература“ (1958);
• „Odsev Ilindenske wsatje v umjetni literaturi“ (Ljubljana, 1958);
• „Повоени македонски поети“ (Антологија, 1960);
• „Пиринска Македонија и БКП“ (1961);
• „Критики и огледи“ (1969);
• „Избрани дела“ (7 т., 1970);
• „Есеји и критике“ (Белград, 1975);
• „Пиринска Македонија во борба за национално ослободување“ (1980);
• „Пиринска Македонија“ (1986)…
Во периодот 1974-1976 е ректор на Скопскиот универзитет.
Тој, воедно бил и главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“.