Левица во Лозово: Ова се избори помеѓу македонизмот и анти-македонизмот
Денес, во присуство на претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов и кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска и голем број членови и симпатизери официјално беше отворена канцеларијата во општина Лозово!
Во своите говори, претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов порачаа дека Левица како сериозен актер на политичката сцена, ќе биде клучен фактор на следните избори со двоцифрен број на пратеници. Додека балистите од ДУИ секаде каде што владеат ги празнат селата и градовите, 20 години ДПМНЕ и СДС молчат пред оваа амнестирана групација.
Порастот на Левица е доказ дека Македонецот повеќе не се плаши од домашните квинслинзи и иредентисти и дека дојдено е времето Македонецот да поставува црвени линии! За Македонија престојат историски избори, каде од секој поединец зависи дали ќе се реализира погубното сценарио за промена на Уставот и дали после Рамковниот и Преспанскиот договор – со бугарскиот договор ќе се закова последната шајка на ковчегот на македонската држава.
Рокот за собирање потписи за кандитатура за Претседателски избори 2024 година започнува утре, 23-ти февруари и завршува на 8-ми март. Поддршката за кандитатурата на проф. Д-р Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот. Сите мотивирани и свесни граѓни имаат можност да ни се придружат во борбата.
Ова се избори за ПОБЕДА на македонизмот против анти-македонизмот на домашните квинслинзи. Порачуваме дека во вакви историски премрежја за Републиката, не смееме да се препуштиме на апатијата и да се откажеме без борба.
И поучени од историјата, македонскиот народ кога е на правилната страна на историјата – секогаш победува!
Гласеше објавата на Левица на Фејсбук по отворањето на новата канцеларија во општина Лозово.