АктуелноЛокалноНастани

ВЛАДАТА ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА 300% ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ТАРИФАТА ВО КАТАСТАР

Управниот одбор на Агенцијата за катастар на недвижности донесе нова тарифа, која ќе ги чини граѓаните 300% повеќе од она што досега го плаќале за промени по имотен лист! Досега, при промена на сопственост, во еден имотен лист се запишуваше покрај квадратурата на станот и дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата, информираат од Левица.

– Сo новите измени, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи трите листа граѓаните ќе ги чини 3.750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Агенцијата за Катастар го објави новиот Тарифник кој стапи на сила на 15-ти февруар, за кој согласност даде актуелната власт во заминување на СДС И ДУИ, додаваат од партијата.

– Се работи за типично предизборно ПОЛНЕЊЕ на буџетот, каде товарот ќе го понесат граѓаните. Граѓаните ќе треба да плаќаат три пати повеќе од она што го плаќале до сега за упис на промени во Катастарот и тоа за секој лист посебно односно за секој објект посебно!

– Со Агенцијата за катастар на недвижности од 2017 година раководи Борис ТУНЏЕВ, за кој во јавноста беа објавени низа СКАНДАЛИ. Имено, токму компанијата на неговата сопруга доби концесија за 3000 метри квадратни фотоволтаици до 2054 година, односно на цели 34 години! #Левица претходно реагираше дека сопругата на Борис Тунџев е бизнис-партнер на сопругата на Димитар КОВАЧЕВСКИ. Сето ова го докажува криминалот на фамилијарните бизниси на Ковачевски и Тунџев, кои додека здружено ги цедат граѓаните, нивните бизниси добиваат милионски тендери.