АктуелноЛокалноНастани

Фирми блиски до СДС и до ДУИ го трујат Демир Хисар со канцероген мазут

Јавните претпријатија во Демир Хисар користат нафтени деривати набавени од блиски фирми и донатори на СДС и Дуи, кои се опасни по животот и здравјето на населението, тврдат од локалната организација на Левица од Демир Хисар.

– Иако навидум зелена општина со големи шумски пространства и “чист воздух”, Демир Хисар се труе со канцерогени честички а властите и надлежните не направија ништо да имплементираат “зелени” – алтернативни решенија за загревање на јавните објекти за кои се залагаат во нивните предизборни програми. ЛО – Левица Демир Хисар направи едно мало истражување и дојде до фрапантни податоци кои велат дека неколку јавни претпријатија и установи во општината, свесно го трујат населението со нафтени деривати кои ослободуваат тешки канцерогени материи кои се испуштаат во воздухот при нивното согорување. Освен тоа што претпријатијата користат штетни деривати за загревање во текот на зимскиот период, истите во зависност дали се раководени од централната или локалната власт, набавуваат деривати од фирми чии сопственици се блиски пријатели со раководните лица на партиите па дури се и нивни донатори.

Од Ло Демир Хисар наведуваат дека ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, користи канцероген мазут за кој троши милиони денари секоја година. Истиот го набавува исклучиво од “Супертрејд”, фирма на Владимир Стајиќ – семеен пријател на Заеви. Оваа установа согорува над 200 тони токсичен мазут годишно.

– Државен Пазарен Инспекторат – Демир Хисар, користи екстра лесно масло како дел од групната набавка на ДПИ набавено од “Пуцко Петрол” на Асмир Јахоски кој е син на бившиот пратеник од ДУИ, Исмаил Јахоски. Дирекција за Заштита и спасување – подрачно одделение Демир Хисар, користи околу еден тон екстра лесно масло набавено од “Пуцко Петрол” кој важи за еден од најголемите донатори во ДУИ а исто така нивниот сопствен е близок со раководството на партијата. Агенција за катастар – одделение Демир Хисар, користи 30 тони екстра лесно масло, тендерска набавка од добавувачот “Пуцко Петрол”. Министерство за одбрана – оддел Демир Хисар, користи 5 тони екстра лесно масло, набавувач “Пуцко Петрол.” Пошта – Демир Хисар, користи над 5 тони екстра лесно масло набавено од “Тритерпол Петрол” , компанија која до 2019 беше во сопственост на близок пријател на Зоран Заев, воедно и донатор во СДСМ. Сега истата компанија е во сопственост на Љупчо Пецов на кој во 2014 година му беше изречена затворска казна од 9 години поради малверзации со трговија на Мазут (Предмет “Керозин”)

Од локалниот организација сметаат дека освен што властите ја запоставија општината која е полна со депонии, ѓубре, нечисти улици,  загадени реки и езера, успеаа да го загадат и воздухот со штетните нафтени деривати платени од џебот на граѓаните!