Либералните мерки на Милеи, предизвикаа рекордна инфлација во Аргентина
Годишната инфлација во Аргентина се искачи над 250% во јануари, со што е забележана најголемата девалвација на пезосот во последните десеттина години.
Претседателот на земјата Хавиер Милеи, сепак, не попушта од т.н. шок стратегија во економијата, за која вели дека ќе се исплати на долг рок. Тој на власт дојде кон крајот на минатата година, кога мнозинството од гласачите во Аргентина ја поддржаа неговата либерална платформа за справување со економските предизвици.
Добра вест за Аргентина е тоа што месечната инфлација во јануари изнесуваше 20,6 отсто, објави агенцијата за статистика INDEC, што е намалување од 25,5 отсто во декември. Годишната инфлација во декември, пак, изнесувала 211 отсто.