Мојсоска: ДПМНЕ се плаши од Левица затоа шири дезинформации на сопствените телевизии
- Вчера пратеникот на ДПМНЕ – Николовски, човек познат по своето лижење по странски амбасади и синоним за неспособноста на партијата чиј претставник е, на приватната телевизија на ВМРО-ДПМНЕ, Алфа, за која општо е познато дека е финансирана со странски пари, излезе со срамни политички изјави, на ниво далеку под здраворазумен просечен човек и изнесе такви каги, кои единствено ја опишуваат нивната искомплексираност. По однос на неговите глупости, на социјалните мрежи се огласи Генералниот секретар на Левица – Јована Мојсоска, во прилог ви го пренесуваме нејзиниот став:
Вечниот пратеник Николоски од ДПМНЕ од очај излегол на ТВ да тврди дека СДС ќе ги собирала потписите на Левица. Истиот Николоски што гласаше за амнестија на Хашките случаи, за сега да говори како ДУИ (оние кои ги амнестира) биле канцер на општеството.
На што се сведе јавната дебата, потпретседател со рекла-казала муабети на национална ТВ. Истиот потпретседател што вадеше фамозно УСБ за преписки со Груевски и уште се чека гулабот од Будимпешта да го донесе УСБ-то.
До толку се некреативни, што истава мантра ја шират низ членство со години – дека СДС собирала 1.000 потписи за пререгистрација на Левица. И нормална е паниката, кога врие во вмровските комитети од незадоволно членство ради најлетаргичната опозиција која била во Македонија. Истата опозиција без кој ниту еден предавнички договор немаше да се спроведе!
Наместо да соберат храброст и да престанат со шурувањето со СДС (како гласањето за жената на адвокатот на Заев) – врвот на нивната борба е да клеветат по телевизии.
Па нормално, ја одбрале Алфа, кај што лидерот нивни има дадено директна ЗАБРАНА да гостуваат членови на Левица, уште од референдумот (2018). Затоа што тогаш Мицкоски, со неговиот став “ни риба-ни девојка”, виде на анкетите како единствено Левица го артикулира народниот гнев. Трагикомични се ваквите гимнастики од една млитава политичка партија, во која врвот на креативноста е ФАМОЗНО УСБ.
Џабе ви се сите политички сплетки и трачарања, уцени и закани, притисоци за вработувања – ИСКРЕНОСТА не се глуми и тоа е она што никогаш нема да го имате, а што народот го препознава кај Левица.