АктуелноЛокално

Левица: Возможно е да се воведе прогресивен данок

  • Политичката партија Левица започна со општествено одговорна кампања, во која споделува како останатите земји од светот ги решава проблемите со кои се соочуваме во нашето општество. Од партијата со оваа кампања имаат за цел да покажат дека многу решенија за проблемите со кои се соочува народот и државата има едноставни решенија, но недостасува политичка волја. Статус квото може да се промени единствено со зголемување на политичката моќ на партијата.

Данска има спроведено прогресивни даночни реформи за справување со социјалната нееднаквост и финансирање на јавни сервиси. Оваа сеопфатна реформа вклучува воведување на прогресивен персонален данок на личниот доход и профит, чија цел е да се насочат повеќе средства во критичните области како што се здравството, образованието и инфраструктурата.

Со фокусирање на корпоративниот профит и решавање на степенот на експлоатација на работниците, Данска обезбедува чесна и правична распределба на богатството.

Данска постојано се рангира меѓу најсреќните земји на глобално ниво и покрај тоа што има една од највисоките даночни стапки. Граѓаните на земјата доброволно го поддржуваат прогресивниот даночен систем, разбирајќи дека нивните даноци се инвестиција во општеството.

Образованието е бесплатно – дури и на универзитетско ниво, секој студент добива околу 900 евра месечно од државата, породилното отсуство изнесува вкупно 52 недели, и Данска со години има една од најниските економски нееднаквости во светот.

Левица се залага за воведување прогресивен персонален данок на личен доход и на данок на добивка, како би можело да се обезбедат повеќе средства за здравство, образование, инфраструктура и сите останати основни човечки потреби, но не од џебот на работниците!