Јовановска: Обезбедени термос инсулински торбички за деца со дијабет тип 1
- Статус на Катерина Јовановска -советничка на Левица во Град Скопје
Катерина Јовановска советничка од Левица во советот на град Скопје на својот профил објави дека преку Комисијата за унапредување на правата на пациентите се обезбедени термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1, кои го олеснуваат складирањето и чувањето на инсулинот кој тие го користат за одржување на константна температура.
Според Јовановска не е доволно само да се детектираат проблемите на пациентите, туку и активно да се решаваат.
Како член на Комисијата за унапредување на правата на пациентите си поставив за цел дека нема само да ги детектириме проблемите на пациентите, туку и дека ќе учествуваме активно во нивно решавање.
Јовановска смета дека набавката на инсулински термоси е само една капка во морето на проблеми со кои што се соочуваат дечињата и лицата со дијабетес и дека треба сите надлежни институции да се заложат за решавање на проблемите на лицата со дијабетес.
Набавката на инсулински термоси е само една капка во морето на проблеми со кои што се соочуваат дечињата и лицата со дијабетес,но се надевам дека овој наш потег ќе биде императив за сите останати надлежни институции се заложат за решавање на проблемите на лицата со дијабетес.
Иницијативата била реализирана од Град Скопје а поттикната од Комисијата за унапредување на правата на пациентите