Бездникин: Чувствуваме пријателско расположение кон Русија од македонскиот народ
- Обраќање на Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин на отварањето на изложбата „Дипломати на Руската империја на подрачјето на денешна Србија и Македонија“ по повод Денот на руската дипломатија (Скопjе, 8 февруари 2024 година)
Срдечно ве поздравувам на отворањето на историско-документарната изложба „Дипломати на Руската империја на подрачјето на денешна Србија и Македонија“, подготвена од Рускиот научен институт со помош на Рускиот центар за наука и култура „Руски дом“ во Белград и во соработка со Амбасадата на Русија во Скопје и посветен на нашиот професионален празник – „Денот на руската дипломатиjа“, кој се одбележува на 10 февруари.
Пред сѐ би сакал да изразам благодарност до Музејот на град Скопје и лично до директорот г-дин Велков за заедничката организација на овој значаен настан. Високо го цениме таквиот однос, кој придонесува за зачувување на историската меморија и вековните хуманитарни и културни врски меѓу нашите земји и народи.
Во принцип, чувствуваме – и покрај геополитичките турбуленции и обидите да се „откаже“ сè што е руско – и, се разбира, го поздравуваме интересот на претставници на креативни и академски кругови на двете земји за зајакнување на интеракцијата, спроведување на заемно корисни иницијативи. За ова зборував пред два месеци во Москва на отворањето на изложбата „Етнографија на Вардарска Македонија и Печер. Акварели и фотографии на Марија Малахова“ – заеднички проект на Куќата на Русите во странство именувана по Александар Солженицин и Музејот на град Скопје, кој се одржа со голем успех.
Деновиве, руски дипломати ширум светот не само што го слават својот професионален празник, туку – што е најважно – им оддаваат почит на споменот на генерациите на нашите претходници, кои со векови чесно и несебично ја исполнувале својата службена – а често и морална – должност.
Токму такво однесување ги издвојува денешните руски дипломати, за кои појмови на љубов кон Татковината, лојалност кон должноста и несебично служење на Родината се апсорбираат со мајчиното млеко и се дел од генетскиот код.
Последните зборови на рускиот конзул во тогашната Митровица Григориј Шчербина, убиен во март 1903 година, запишани од неговиот колега, рускиот конзул во Скопје Виктор Машков, биле: „Отсекогаш сум бил верен со душа и тело на интересите на службата…“. На изложбата може да се видат фотографии од двајцата и нивната кратка биографија.
Можете исто така да се запознаете со фотографии на други руски дипломати и конзули, извадоци од нивните извештаи и архивски документи. Патем, од 1860 до 1915 година во Скопје и во Битола служеле 16 руски конзули и вицеконзули – портрети на некои од нив се изложени денес. Привлечам посебно внимание на рускиот конзул во Битола Александар Ростковски, убиен во август 1903 година – утре, по традиција, ќе положиме венци кон споменикот „Руски крст“ поставен во негова чест во Битола.
Документите претставени во превод на македонски јазик се важни извори на информации за состојбата на словенското население во тоа време на териториите на денешна Србија и Македонија. Тие сведочат за длабоките врски на нашата земја со словенските народи на Балканот, за придонесот на руските дипломати во нивното ослободување во 19-тиот – почетокот на 20-от век.
Тешко е да се прецени важноста од спроведување на проекти како денешниот за зачувување на повеќеслојни врски меѓу нашите братски народи. Покрај непријателските дејствија преземени против нашата земја, го чувствуваме пријателското расположение и симпатии кон Русија на огромното мнозинство македонски граѓани – искрено сме им благодарни на сите за ваквиот однос.
На сите им посакувам добра вечер, светли впечатоци од средбата со дел од богатото наследство на историјата на руската дипломатија.