АктуелноЛокално

Левица отвори канцеларија во Новаци: Црвен бран низ Македонија

  • Соопштение на Политичката партија Левица:

Денеска, Локалниот огранок на Левица во Новаци свечено ја отвори својата канцеларија, како поради постојаниот прилив на нови членови, така и за непосреден контакт и артикулација на проблемите на населението.

На настанот присуствуваа претседателот на Партијата, проф. д-р Димитар Апасиев, членот на Президиумот Бранко Рисов, членови на Централниот Комитет, како и гости од други места заедно со нашите другари и другарки од Новаци.

Покрај свеченостите, претседателот Апасиев се осврна на престојните предизвици во изборната сезона и непосредниот влез на двоцифрен број пратеници од Левица во Собранието, и што тој зголемен капацитет ќе значи за одбраната на националните и класните интереси на македонскиот народ, додека Бранко Ристов зборуваше за мобилизацијата која е неопходна во Изборната едница 4.

Модераторот на ЛО Новаци, Гоце Димовски, го нагласи порастот во членството за чии потреби се отвори нова канцеларија, како и за спремноста на огранокот за парламентарните и претседателските избори.