АктуелноЛокалноСтав

Ванковска: Западот и НАТО ја вовлекоа Украина во војна против Русија

Професорката на Филозофскиот факултет Билјана Ванковска во гостувањето на Ред Каст се осврна на случувањата и воениот конфликт помеѓу Русија и Украина, за што истакна земјите од Западот ги имаат спречено преговорите за надминување на конфликтот помеѓу овие две земји.

Во почетокот на војната имаше преговори помеѓу Киев и Москва во посредство на Турција каде што Американците и Британците беа против овие преговори и инсистираа на војна. Токму на овие теми Ванковска говори во поткасот. Иако јас признавам дека потегот на Москва е кршење на меѓународното право, на правото државата да живее и споровите се решаваат по мирен пат.

Според професорката, ова е една од причините зошто не е дојдено до брзо мировно решение во конфликтот, и како што потенцираше таа, со овој потег, земјите од западот ја вовлекоа Украина во воена катастрофа. Целото интервју може да го видите на следниот линк.

Западот и НАТО сакаа војна и мислеа дека ќе ја скршат Москва набрзина и дека економски ќе ја угушат. Им се случи раѓање на нов светски поредок. И сега имаме еден Свет кој толку драматично се менува и се е поврзано и се има своја корелација.