АктуелноЛокално

Апасиев најави дуел против партнерите од широката коалиција Ковачевски и Мицковски во ИЕ1

Пратеникот Димитар Апасиев, во објава на социјалните мрежи, денес соопшти дека тој ќе биде носител на изборната листа на Левица во изборна единица број 1. Апасиев очекува директен дуел со претставниците на широката коалиција Ковачевски и Мицкоски, во оваа изборна единица.

„Таче и Мицко ќе се кандидирале у КЕЦОТ. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у КЕЦОТ.“ – Напиша Апасиев во објавата на Фејсбук.

Потсетуваме дека парламентарните избори се закажани за 8-ми мај, а Левица е единствена партија која од своето основање има континуирано зголемување на бројот на освоените гласови во секој нареден изборен циклус.