Лавров: Обидите на Западот да ја изолира Русија целосно пропаднаа

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кажа дека обидите на Западот да ја изолира Русија целосно пропаднале бидејќи, како што кажа, рускиот претседател Владимир Путин има голем број различни странски партнери. Лавров вчера одржа говор во Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент.

„Политиката насочена кон изолација на Русија пропадна. Доволно е само да се спомнат бројните примери на интеракција на претседателот Путин и неговите странски колеги. Ние, како што гледате во реалноста, сме спремни за таков предизвик и ќе продолжиме цврсто да ја браниме нашата вистина.’

Рускиот Министер додаде дека земјата сама ја опредечува надворешнополитичката агенда согласно своите приоритети, но и водејќи сметка за интересите на другите партнери.

„Не се прилагодуваме на концептите и шемите кои ги предлагаат други земји. Надворешнополитичката агенда ја обликуваме сами, водејќи се од сопствени приоритети, почитувајќи ги признатите норми на меѓународното право и водејќи сметка за интересите на нашите партнери, кои се спремни да соработуваат со над врз основа на заемната почит и уважувањето на суверените интереси“, кажа Лавров, а пренесува ТАСС.