АктуелноЛокално

(Видео) Крмов: Одбиваме да се покориме – Одбираме да се бориме

– Пратеникот од #Левица Борислав Крмов на Вториот Пленум на партијата:

,,Растот на Левица е незапирлив. Возот на историската нужност забрзано врви и ние мораме да го фатиме. Политичките успеси кои периодов ги ниже Партијата, целосно ги оправдаа нашите радикални чекори.

АСНОМците, нашите политички претходници, бравари, чевлари, кујунџии, земјоделци, поети, писатели, припадници на сите професии,

го изградиле карактерот во епопејата на НОБ, каде минале години секојдневно со животите под закана, мачени по затвори. А сепак, останале со непоколеблива и нескршлива волја и никогаш не се посомневале во победата.

Револуција не е играчка! Револуција не е попладневна прошетка во парк! И да! Нашето политичко делување го нарекувам борба за револуција, зошто секоја борба за темелна промена во општеството другари, Е РЕВОЛУЦИЈА!

И затоа, ние желно го прифаќаме товарот на оваа генерација. Ние одбиваме да молчиме. Ние одбиваме да седиме мирни. Ние одбиваме да се покориме.

Ние ОДБИРАМЕ, да се БОРИМЕ!”