(Видео) Шовиќ: Левица е светла точка на Балканот
– Говор на Марко Шовиќ од Новата Комунистичка Партија на Југославија на Вториот Пленум на #Левица:
,,Како што гледате, денес нѐ има од разни организации од Србија. Тоа ви открива одредени детали. За жал очигледно е дека Србија уште е во одредена состојба како што била Македонија пред Левица. Ама од друга страна тоа ви говори уште една, побитна работа. Левица има многу пријатели во братската Србија.
Четири години поминаа откако се сретнавме последниот пат. Четири години период кои донесе многу нови нешта, многу од работите се променија и работите изгледаат сосема поинаку. Не само во поглед на Левица, што е секако позитивно, туку има многу негативни работи во светот што сведочиме во последните неколку години.
Сведоци сме на нови конфликти и војни и сите знаеме кој е главниот виновник за сите конфликти и војни, крвожедниот инперијалистички сојуз чие име е НАТО! Кога бев прво одделение, мојот татко отиде во војна и од таа војна се врати. И од таа војна во нашата куќа не чувме ниту еден лош збор за припадниците на албанското национално малцинство, ама сум чул многу сочни пцовки кој се однесуваат на НАТО пактот. Мојот татко знаел против кого војувал и сите знаеме кој е главниот виновник за сите нарушени
односи, за сите проблеми кои ги имаме овде.
Нов ден доаѓа во историската епохална смисла, ново сонце се раѓа од исток, многу ми е драго што се денес присутни амбасадорите на Н.Р. Кина и Руската Федерација затоа што е тоа показател дека Левица е призната и препознаена од вистинската страна на историјата. И како што тоа се раѓа ново сонце и како што ова сонце свети од овие преубави македонски знамиња од мојата лева и десна страна, исто така Левица денес сјае над Балканот.
Левица е денес пример како се води доследно борбата за работничките права, за класното ослободување и за националното ослободување. И се надевам дека ние што сме присутни од Србија, ќе научиме многу и со овие преубави впечатоци, ќе се вратиме со нов жар, со нова искра за борба, во Србија да ја создадеме Левица, во Србија да го создадеме доследниот претставник на работниот народ, доследниот борец против империјализмот. Уште еднаш ќе кажам дека Левица е вистинска
сила на Балканот и како таква е препознаена и ви благодарам затоа што со својот пример ни ги отворивте очите, ни го покажавте патот и ви благодарам што во оваа борба заедно издржуваме и што допрва ќе се бориме.
Навистина е време е за еден широк, голем и светски фронт во борбата против империјализмот. Сите оние прогресивни и слободољубиви сили, без разлика на националната и верската припадност. Ова е наша заедничка борба против светскиот негативец, тоа е борба за опстанок на човештвото.
И за крај сакам да ви кажам, да живее братството на македонскиот и српскиот народ!
Да живее антиимперијалистичката борба!
Смрт на империјализмот, слобода на народот!
Да живее Левица!”