Апасиев: Избирањето воен злосторник за премиер е последна последната шајка во ковчегот на СДС
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку својот фејсбук-профил реагира на номинирањето на претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери за премиер на техничката влада. „Учката“ ќе добие кривична пријава, а најинтересно е што ДПМНЕ ќе го гласа, вели Апасиев.
„Крунисувањето на учката за премиер ќе му го честитаме следната недела со нова кривична пријава (за ускратувањето на пратеничкото право на амандмани). Туку, најјако во целава ситуација е тоа што и ДПМНЕ во јануари ќе ја гласа поржинската влада (оти и они ќе имаат министри во истата).
Избирањето воен злосторник за премиер е последната шајка во ковчегот на изгубениот СДС. После ова, таа партија е осудена на распаѓање и пасокизација, оти нема им да остане ниту еден здраворазумски и воспитан човек“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Конфликтите помеѓу Апасиев и Џафери се едни од најчестите во Собранието, претставникот на ДУИ иако многу пати до сега ги има згазено законите, за што добивал соодветни пријави и до институциите и кривични, но за жал, државата во која судството ужива 3% доверба, како и за секој останат член на ДУИ ги нема процесуирано овие пријави. Од Левица, ова го гледат како градење на институционална меморија, која од позиција на Власт ќе бидат во состојба да си изборат за правдата.