АктуелноЛокално

Честитка од рускиот амбасадор Баздникин по повод Вториот Пленум на Левица

  • Честитка од рускиот амбасадор Баздникин по повод Вториот Пленум на Левица, во прилог ви го пренесуваме целиот текст:

Почитуван професоре Апасиев, Почитувани дами и господа, драги пријатели,

Ви благодарам за можноста да присуствувам на Пленумот на Левица – на партијата чии ставови се патриотски и посветени на сочувањето на достоинството на државата, македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Ве обвинуваат и етикетираат дека сте проруската партија – тоа не е така. Вие сте исклучиво македонската партија и ова вистина е добро позната за сите.

Убеден сум дека сите присутни добро знаат и разбираат дека Русија никогаш не се мешаше и нема намера да се меша во внатрешните работи на вашата земја, со чиј народ сме врзани со вековни врски на пријателство и меѓусебно почитување, засилени со духовно и културно сродство и заеднички словенски корени.

И покрај фактот дека сега билатералните односи меѓу нашите земји минуваат низ не најдоброто време – не на иницијатива на руската страна, туку како резултат на бројни непријателски чекори против неа, – Амбасадата продолжува да ги користи сите постоечки можности за поддржување на контакти во различни области, вклучително и политичка. Како дел од овие напори, се разбира, се обидуваме да одржиме комуникација со оние кои се подготвени за конструктивна интеракција и за размена на мислења за тековни прашања. Ние – и јас лично – високо ги цениме отворените контакти со членови на партијата, ставот што го заземаат нејзините членови, вклучително и јавно.

Вашите активности – особено во сегашните услови – ги сметам за одраз на вистински патриотски чувства традиционално својствени на македонскиот народ. Заслужува длабока почит што вашите напори се насочени кон изнаоѓање оптимални, долгорочни решенија за проблемите и предизвиците со кои се соочува вашата земја.

Искрено ви посакувам успех во ова работа и сè најдобро.