(Видео) Патот кон ЕУ е понижувачки за Македонија – Се солидаризираме со Левица
- Европратеничката Клер Дејли на Вториот Пленум на #Левица изрази солидарност со партијата за наредните избори како и за патот кон ЕУ, беше искажана поддршка во битката за зачувување на националните интереси на македонскиот народ и најавена идна соработка. Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот говор на Пленумот на Левица:
,,Неизмерна благодарност. Морам да кажам, сметам дека е неверојатно неправедно што морам да говорам по Амар, како и по апсолутно величествениот приказ на македонската култура и историја, што имавме привилегија да ги искусиме овде вечерва. Навистина, тоа е понизно.
И навистина ни е чест, да ја споделиме вашата храна, вашиот град, да научиме за вашата историја и култура. Да се сретнеме со вашиот народ и повеќе од се – привилегија е да се солидаризираме со Левица додека се подготвувате за следните критични избори, како и за борбата за иднина, мир и безбедност на македонскиот народ.
Како членови на Европскиот парламент ние сме многу свесни дека има огромен дијалог во македонското општество. Дали треба да влезете во Европската Унија. Дека инаку немате иднина. Дека треба да се подготвите да се одрекнете од своето првороденче и од се што ви е драго, а тоа ќе ги реши сите ваши проблеми.
Знаеме дека патот кон членството во ЕУ, кој сè уште трае, е длабоко понижувачки за Македонија. Вашите соседи си играат регионална политика со процесот на пристапување. Ги имате големите сили кои бараат да коленичите и да го прифатите евангелието на неолиберализмот, пред да ви биде дозволено да влезете под истите услови како и сите други.
Мора да направите компромис за вашата независност, за вашиот суверенитет. Од вас се бара да ја загрозите сопствената социјална сигурност, јавниот сектор, можноста да ја насочите економијата за општествено добро, а не за приватен профит. Од вас се бара да направите компромис за сеќавањето за вашата историја, за вашиот идентитет, па дури и за името на вашата земја. Побогу, колку можат ниско да подат?
Зад ова, сега е јасно, стои заедничка, империјалистичка надворешна политика на ЕУ. Без разлика дали сте во или надвор од НАТО, тоа се правилата на игра. Епа не можат да ни ја продадат таа приказна, и сигурно нема за неа да плаќаме.
И тоа е во основа пораката која ви ја пренесуваме денес. НАТО е пакт за војна и агресија. Тоа е алатка за доминација на Европа. Тоа е отворена чекова книшка за воено-индустрискиот комплекс. Затоа, треба да знаете дека заедно со вас, и Ирците исто така го отфрлаат НАТО. Ја отфрламе логиката на милитаризмот и на европските елити кои се обидуваат да ни ја наметнат.
Каде од вас се бара да дозволите ЕУ и земјите членки да си играат раздели па владеј, со македонските етникуми. За да може луѓето од работничката класа да се поделат еден против друг. За да може фашизмот и ревизионизмот да се етаблираат. И да се фати за работа за уназадување на положбата на работничката класа. Сега нема потреба да ви кажам. Вашиот дел од светот многу добро знае за поделбите и игрите околу нив. Многу линии беа исцртани и прецртани на Балканот од страна на големите сили делејки ги народите.
Нациите, работничката класа – и секогаш посегнуваат по секташтвото. Кога постои каква било закана работниците да дејствуваат заедно за нивниот заеднички интерес, тие интервенираат. Тоа го видовме во Ирска, со децении, го имавме и ние тоа искуство. А нашиот одговор, сумирано, на националното прашање, отсекогаш бил, според зборовите на големиот комунист и социјалист Џејмс Коноли, не морбидно идеализирање на минатото.
Каков, прецизен и дефиниран одговор на проблемите од сегашноста. Наша задача е да ги создаваме условите. Каде што луѓето од работничката класа ќе се организираат за нивните заеднички интереси. Онаму каде што се почитуваат правата на секоја етничка припадност, секоја јазична група, секоја религија, во култура на заедничко почитување на човештвото.
Тоа е цената во Ирска. Тоа е и цената во Македонија. И во или надвор од ЕУ, да бидам искрена со вас, прашањата се исти. Затоа што сиромаштија, станбената криза, кризата на трошоците за живот, енергетската криза, ги чувстуваме сите. Ирската економија не беше трансформирана од Европската унија. Да, на некој начин беше.
Изгубивме сто илјади семејни фарми. ги загубивме нашите риболовни права. Имаме мултинационални компании лоцирани во нашата земја кои не плаќаат никаков данок ниту нам, ниту на било кој друг. А луѓето од власта тоа го злоупотребија во Европа, во Македонија, во светот. И нашата задача овде е да се организираме за да се бориме против тоа. Според зборовите на оние кои ни претходат, нашите барања се едноставни.
Ние ја сакаме само Земјата. Слушајќи за историјата на вашата прекрасна земја, ја це8ниме. Искрено, нѐ доведовте до солзи, до смеа, до целосна почит за вашето минато. Зошто побогу би се откажале од тоа за Европската Унија или за кој било друг? Мора да го насочите тоа во најдобриот дух на интернационализмот претставен од вашата историја денес.
Ви благодарам многу што ми дозволивте да бидам дел од вашиот настан.”