WID: Најбогатите 10% од населението во Македонија поседуваат 56% од богатството
Според податоците за нееднаквоста на богатството на WID.world, во 2021. година, најсиромашните 50% Грци имале негативно богатство, односно збирот на долговите им бил поголем од збирот на богатството.
Македонија имала најмала нееднаквост на богатството од сите балкански земји. Уделот на најбогатите 1% изнесувал 22%, а уделот на најбогатите 10% речиси 56%. Уделот на најсиромашните 50% Македонци бил само 5,2%.
Нееднаквоста во Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора и Словенија е за малку повисока од таа во Македонија. Уделот на најсиромашните 50% Словенци е 5,8%, што е највисоко на Балканот.
Исто како кај нееднаквоста на приходи, Турција и Бугарија имаат највисока нееднаквост на богатството на Балканот. Најбогатите 10% Турци имаат речиси 68% од богатството, а најбогатите 10% Бугари речиси 59%.
Од друга страна, најсиромашните 50% Турци имаат само 3,2% од богатството, а најсиромашните 50% Бугари, 4,8%.
Нееднаквоста на богатството е многу поголема од нееднаквоста на приходи, што е логично, бидејќи нееднаквоста на богатството е нееднаквоста на приходите акумулирана низ годините.
Извор на податоци: World Inequality Database. Преземено од Стеван Трајковски