Апасиев: Анѓушев го ставија на црна листа на САД, а цело СДСМ и ДПМНЕ му беа на баци рака
На 25 ноември имаше корпорациски прием во скопскиот хотелот „Александар Палас“, каде се обедини елитата за да ги слави ,,успесите” на Брако. На едно Кочо Анѓушев ги министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, инсталацијата на крупниот капитал во политиката Христијан Мицкоски, како и останати претставници на широката коалиција помеѓу ДПМНЕ, СДС и капиталот, меѓу кои, Фатмир Битиќи, Александар Николоски и Љупчо Николовски.
Само десетина дена подоцна, Бизмисменот Кочо Анѓушев, кој на „манифестацијата“ наречена корпарацискиот прием ги обедини врхушките на ДПМНЕ и СДСМ, за кои јавноста смета дека имаат бројни зделки со неговите компании, затоа што не постојат политички противници кога во прашање се бизнис интересите, беше ставен на црната листа на САД.
Ова не помина без коментар од лидерот на Левица – Димитар Апасиев кој на социјалните мрежи напиша:
Анѓушот го ставија на ЦРНА ЛИСТА на САД, а некни 800 функционери од власта (СДС) и од опозицијата (ДПМНЕ) + новинари, владици и директори само што му беа на баци рака [на „корпоративен прием“]
Потсетуваме дека БРАКО е компанијата која ги правеше модуларните болници, каде живи изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово.