АктуелноЛокално

Ивановиќ: Опозициските партии ќе се борат меѓу себе за гласови на следните изборди – СДСМ отпаѓа

До парламентарните и до претседателските избори не делат некои шест месеци и за прв пат во историјата на нашиот плурализам во кампањата ќе гледаме како опозициските партии ќе се борат меѓу себе за гласовите, речиси игнорирајќи ја позицијата на владејачката СДСМ.

Веќе подолго време двете најголеми опозициски партии во земјава, ВМРО ДПМНЕ и Левица, делуваат крајно спротивставено една против друга и на нивното отворено непријателство најверојатно ќе се сведе претстојната кампања. А тоа ќе значи дека за прв пат нема да биде формиран опозициски блок, туку по наследството на СДСМ ќе се напаѓа и од десно и од лево.

И тука нема ништо ново. Уште по првиот круг на локалните избори Христијан Мицкоски знае дека тој ќе биде новиот премиер на Македонија, во владата во која најмногу министри ќе бидат токму од неговата партија. Димитар Апасиев, пак, знае дека Левица во идниот парламентарен состав ќе влезе со група од 7 до 12 сопартијци, со што неговата партија ќе ја профилира во најсериозна опозициска сила во земјава.

Не треба да се биде многу паметен за да се заклучи дека СДСМ по наредните избори ќе се пресели во опозиција, но лесно може да се предвиди и кризата која потоа ќе настапи во партијата. Голем е бројот на аналитичарите кои сметаат дека на некогаш државотворната партија и следува слична судбина како онаа на ПАСОК во Грција или како на Демократска странка во Србија, кои како потполно да ја загубија довербата на гласачите.

Што се однесува до партиите од албанскиот блок тука не очекувам промени, иако беше формиран опозициски блок. Сепак, повторно ДУИ ќе бидан напаѓан од десно, што е огромна грешка која постојано се повторува. Наместо да се оди со социјална и економска политика, т.н. албанска обозиција ќе “лета орли” и ќе мавта со знамиња Голема Албанија, што ДУИ повторно ќе ја направи разумна и умерена политичка струја.

Изборите се далеку, но резултатот е познат.