Над 3.300 лица се убиени, а 13.000 се ранети во израелските напади на Појасот Газа
Министерството за здравство на Палестина објави дека најмалку 3.300 лица се убиени, а 13.000 се ранети во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври досега, известува Анадолу.
Министерката Маи ел-Каила на конференцијата што се одржа во Рамала ги изнесе најновите податоци за жртвите од израелските напади на Појасот Газа.
Таа нагласи дека податоците се приближни првенствено поради фактот дека се најавуваат израелски напади, како и поради „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Појасот Газа. Министерката Ел-Каила истакна дека бројката на загинати во Појасот Газа од 7 октомври досега се зголемила на 3.300, а бројката на ранети изнесува 13.000.
Ел-Каила информираше дека во Појасот Газа постои загрижувачки недостиг на лекови и голем проблем претставува транспортот до болница.
Министерката рече дена недостигот на вода и нарушувањето на канализацискиот систем дополнително го зголемува ризикот од ширење на заразни болести.Палестинската министерка го осуди израелскиот воздушен напад на баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Газа, порачувајќи дека Израел мора да одговора за тоа.
Најмалку 500 луѓе ги загубија животите во синоќешниот израелски напад на болницата во Газа.