АктуелноЛокално

Левица дел од конференцијата „Дијалог Азија-Европа: градење иднина заедно“

Соопштение на Левица – сектор надворешна политика и безбедност

Во рамките на организацијата на Светскиот младински фестивал, кој се организира веќе шеста година по ред, денес беше одржана конференцијата насловена: „Дијалог Азија-Европа: Градење на иднината заедно“, на која присуствуваа неколку претставници на Левица.

На конференцијата беа одржани повеќе презентации од претставниците од земјите од Европа и Азија, поврзани со вредностите кои ги споделува Светскиот младински фестивал. Исто така, беше претставена можноста за аплицирање и учество на младите луѓе во настаните кои ќе се одржат во повеќе земји.

Настаните организирани во рамки на младинскиот фестивал ќе бидат од различен тип, и ќе вклучуваат од спортски активности, до конференции на кои ќе се дискутираат актуелните светски предизвици.

На овој фестивал се очекува присуство на над 20 000 претставници од речиси 180 земји од светот. Интересно е да се нагласи дека популарноста не фестивалот е се поголема помеѓу младинските организации во земјите членки на ЕУ и речиси од сите европски земји ќе има претставници на младинскиот фестивал.